Официјален Кремљ ја осуди постапката на новинарката Марина Овсјаникова, вработена во руската државна телевизија. Таа синоќа во програма во живо со транспарент на кој пишуваше „Не за војна, прекинете ја војната, не верувајте во пропагандата, овде ве лажат“.
„Што се однесува до таа девојка, тоа е хулиганство“ – изјави денеска портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков.
Тој додаде дека таа е проблем што треба да го реши телевизијата, а не Кремљ.
Руското Државно обвинителство поведе предистражна постапка против новинарката Овсјаникова.
Според неодамнаусвоениот закон, на Овсјаникова и се заканува затворска казна до 15 години за ширење лажни вести за руски војници.
Овсјаникова веднаш по упадот во програмата е приведена.
Во синоќешното видео обраќање украинскиот претседател Володимир Зеленски, лично и се заблагодари на Овсјаникова.