Рускатата инвазија на Украина започна на 24. февруари, а околу 1,4 милиони деца досега ја напуштиле Украина. Тоа значи дека секоја секунда по едно дете станува бегалец, соопштуваат од ОН.
„Во просек, повеќе од 70.000 деца стануваат бегалци во Украина секој ден во изминатите 20 дена, што всушност секоја секунда по едно дете станува бегалец од почетокот на конфликтот“ – изјави Џејмс Елдер, портпарол на Детскиот фонд на УНИЦЕФ.
Вкупниот број на бегалци од Украина досега е околу три милиона лица, пресмета Агенцијата на ОН за бегалци.
„Вкупно 2,95 милиони Украинци ги напуштија своите домови, а 1,8 милиони влегоа во Полска. Други отпатуваа во Унгарија, Романија и Словачка“ – наведува Агенцијата.