Украинскиот претседател, Володимир Зеленски синоќа имамше ново обраќање до граѓаните. Тој истакна дека бранителите продолжуваат да „нанесуваат катастрофални загуби на руските сили“. Зеленски смета дека бројот на соборени хеликоптери во Русија наскоро ќе достигне стотици.
„Тие веќе изгубија 80 борбени авиони, стотици тенкови и илјадници друга опрема. За 19 дена, руската армија во Украина загуби повеќе отколку во двете крвави и долготрајни војни во Чеченија“ – истакна Зеленски.
Додаде дека противникот бил збунет бидејќи не очекувал таков отпор од украинските бранители.