Властите во Шпанија ја запленија јахтата на рускиот олигарх – Сергеј Чемезов, сојузник на претседателот Владимир Путин. Чемезов е поранешен офицер на КГБ кој раководи со државниот конгломерат Ростек.
Јахтата „Валери“, долга 85 метри и вредна 140 милиони долари e запленета во Барселона. Бродот пловел под знамето на Свети Винсент и Гренадини.
Бродот е регистриран на поќерката на Чемезов, Анастасија Игнатова, преку компанија од Британските Девствени Острови.
Чемезов беше санкциониран од САД во 2014 година и од Велика Британија во 2020 година поради руската анексија на Крим.
Западните земји воведоа санкции за руските милијардери, ги замрзнаа државните средства и отсекоа голем дел од рускиот корпоративен сектор.