Во регионот најголем раст на цените на становите има во Македонија
Според анализата која ја објави бугарски „24 Часа„ на годишно ниво најголем раст на цените на недвижностите во регионот има во Македонија.
Во Македонија стапката изнесува 20,6 %, во Албанија, 17,6%, во Босна и Херцеговина,17%, во Грција 13,4%, во Бугарија, 9,2%, во Црна Гора ,9%, во Србија, 6,5%, во Романија, 6,49%, а во Хрватска, 3,5%.
Бугарскиот весник пишува и дека покрај становите во Скопје, атрактивни за купување се и градежните парцели во Охрид, иако не се покрај езерскиот брег.