Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска соопшти дека имал искрена и тешка средба со германскиот пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин, на кого му порачал дека Србија ќе се спротивстави на понижувањата што и се подготвени во Советот на Европа и Обединетите нации.
„Искрена и исклучително тешка средба со Мануел Сарацин. Не се согласуваме речиси за ништо освен ставот дека е неопходно да се зачува мирот на Западен Балкан“, напиша Вучиќ на Инстаграм профилот „buducnostsrbijeav“.
Тој додаде дека му рекол на Сарацин дека Србија е територијално и бројчано мала земја, но земја на горди луѓе, кои, како што наведе, ќе се спротивстават на понижувањата што и се подготвуваат.