Од ноќеска на полноќ цените на горивата во Црна Гора достигнаа историски максимум, со поскапувања од 16 до 29 центи, пишува подгорички „Вијести“.
Денеска бензинот е поскап за 16 центи, така што литар БМБ 98 ќе чини 1,78 евра, додека БМБ 95 ќе изнесува 1,74 евра.
Еуродизелот поскапува за 28 центи и литар од овој вид гориво ќе чини 1,73 евра, додека нафтата за греење поскапува за 25 центи и ќе чини 1,67 евра.
Поскапување на услугите поради цените на горивата најавуваат и автобуските превозници, како и такси здруженијата.
Владата на Црна Гора пред два дена презентираше сет мерки за поддршка на стопанството и граѓаните, меѓу кои и намалување на акцизата за горивото за 40 отсто наместо првичните 20 отсто.