Бесими: Ќе има владина одлука за штедење во економска криза!
Фатмир Бесими – министерот на тв 24 кажа дека во тек се разговорите и преговорите со министерствата во однос на ребаланс на Буџетот. Поради војната во Украина, очекувано е дека проекциите ќе се корегираат. Инфлацијата ќе биде повисока, и токму поради тоа ќе се корегира и сегашната стапка на БДП.
„Проектите каде што има забавена динамика, ќе се кратат. Не препорака, туку ќе има владина одлука за штедење во економска криза и таа нема да важи само за министрите, туку кон неа треба да се придружуваат градоначалници, директори на други државни институции – рече Бесими.
Во врска со задолжувањето со еврообврзницата, истакна дека е можно задолжување однадвор.
„Не е исклучено Македонија преку еврообврзница да земе заем од 600 милиони евра, односно целото планирано задолжување за годинава да се земе однадвор. Подготвките се завршени, се чека погоден момент кога со нашите партнери ќе излеземе на пазарот“ – рече Бесими.