Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, вечерва изјави дека политичката стратегија на Унгарија е да води одговорна добрососедска политика, што подразбира дека без брз развој и стабилна Република Српска, целиот регион на Западен Балкан не може да биде стабилен, ниту може да се развие.
„Затоа веруваме дека поддршката на Република Српска е во најдобар интерес на Европската унија“, изјави Сијарто за РТРС, додавајќи дека поддршката на Унгарија за Српска е недвосмислена.
Тој нагласи дека политичкиот пристап на членките на ЕУ кон земјите од Западен Балкан треба да се заснова на вреднување и почит, а не на, како што наведе, критики, притисоци и закани кон лидерите и земјите.