Блокиран е патот кон дивата депонија кај Бор – сомнежите се дека телото на Данка е донесено тука

На местото на дивата депонија кај српскиот град Бор во моментов се лоцирани екипи на форензичар и има багер кој постојано копа на теренот, јавуваат српските медиуми.

Убиено е девојчето Данка Илиќ (2), кое Србија го бараше повеќе од десет дена, оваа информација во јавноста ја соопшти претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Според Нова.рс, полицијата го блокирала влезот на депонијата каде се сомнева дека е телото на исчезнатото девојче.

Како што соопшти претходно денеска Вучиќ, две лица го признале убиството и веднаш биле уапсени.

Како што се сомнева, малата Данка била убиена со автомобил од двајца мажи С.Ј и Д.Д, 50-годишни.

Несреќата се случила неколку минути откако мајката забележала дека детето го нема.