Дедото на Данка низ солзи: Не ми се верува!

Убиено е девојчето Данка Илиќ (2), соопшти денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вонредна седница на Владата на Србија.

Дедото на малата Данка, Часлав Драгомировиќ за српски „Курир“ изјави дека тој е целосно надвор од себе.

– Не знам ништо официјално, сам сум, не знам ни каде е ќерка ми. Не ми се јавува, само чекам официјални вести, не ми се верува додека не ми кажат како е, целосно сум надвор себе – низ солзи рекол дедото на убиеното девојче.

Во полициската станица Бор пристигнале родителите на Данка. Прв дошол таткото, кој е видно шокиран, пишува „Б92“.

Според АТВ, полицијата уапсила вработени во Јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор С.Ј.(50) од село Лука и Д.Д.(50) од село Злот.

Информациите се дека С.Ј со службеното возило ја удрил двегодишната Данка и ја убил, а потоа нејзиното тело со колегата го ставиле во багажникот на возилото, по што се упатиле кон дива депонија.