Надал повторно е повреден

Поранешниот светски рекет број 1, Рафаел Надал се соочува со нова повреда на грбот и, како што пренесуваат шпанските медиуми, не е исклучено дека ќе мора да паузира уште неколку недели.

Порталот „Sport.es“, повикувајќи се на свои извори наведува дека сопственикот на 22 грен слем титули би можел да паузира четири до шест недели, што значи дека покрај Мастерсот во Монте Карло, ќе го пропушти Мастерсот во Мадрид и турнирот од серијата 500 во Барселона.

Надал би можел да се врати на Мастерсот во Рим, кој започнува на 6 мај. Две недели подоцна започнува Ролан Гарос, турнир кој Рафа го има освоено дури 14 пати.

37-годишниот Шпанец се обиде да се врати на терените на американската турнеја, но не успеа. Надал неколку дена пред почетокот на Мастерсот во Индијан Велс го откажа учеството со напомена дека се уште не е подготвен за натпревари на тоа ниво.