Петгодишно момче е убиено откако тој и неговиот 6-годишен братучед пронашле пиштол во домот на нивниот дедо во западен Мичиген, соопшти денеска локалната полиција.
Пукањето се случило во понеделникот во населбата Гарфилд во округот Њубего, шест недели откако стапи на сила новиот закон во Мичиген кој бара од сопствениците на оружје да го држат оружјето заклучено доколку во домот живеат малолетници, пренесува АП.
„Две момчиња пронајдоа огнено оружје во спалната соба на куќата на нивните баба и дедо. Пиштолот пукнал во населбата Гарфилд додека бил во рацете на шестгодишно момче“, соопшти полицијата, додавајќи дека резултатите од тековните истрагата ќе биде поднесена до окружното обвинителство.
Дваесет и една сојузна американска држава имаат закони кои предвидуваат кривични пријави против луѓе кои не ги чуваат пиштолите затворени во дом во кој живеат малолетници, според Правниот центар Гифордс за спречување на насилство со оружје.