Песков: Воената операција во Украина ќе биде целосно спроведена
„Руската специјална воена операција во Украина се одвива според оригиналниот план и ќе биде завршена на време, целосно спроведен“. Ова денеска го изјави портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков.
Според Песков, Русија не побарала помош од Кина во изведување специјални воени операции во Украина.
Претходно, американски медиуми повикувајќи се на неименувани официјални лица од САД, објавија дека Русија од Кина побарала воена опрема, откако на 24. февруари, почна со нападот.
Следуваше предупредување од американските власти до Пекинг, дека ќе сноси последици доколку Кина се обиде да ѝ помогне на Русија да ја надокнади загубата од западните санкции.
Кина ги отфрли овие наводите.