Ескобар: Западен Балкан да го повика Путин на одговорност!
„Сите земји од Западен Балкан да го повикаат рускиот претседател, Владимир Путин, на одговорност, поради неговите одлуки да му предизвика нехумано страдање на украинскиот народ“. Ова е апелот на заменик-помошник државен секретар на САД и специјален пратеник за Западен Балкан – Габриел Ескобар.
Тој за црногорски „Вијести“ изјави дека многумина од граѓаните на Украина, имаат длабоки врски со Русија и голем дел од нив, исповедаат длабока православна вера.
„Како се одвива оваа хуманитарна катастрофа, додека се зголемува бројот на цивилни жртви, морате да се запрашате, на што е Путин способен на други места, вклучувајќи го и Западен Балкан“ – истакна Ескобар.