Бачовски: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство во вредност од 302 милиони денари
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализраше исплатата на директните плаќања за остварено производство со градинарски култури и остварено производство со овошни култури.
Корисници на поддршката за градинарство се 6200 производители на домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници,а истите оствареното производство го предале на регистриран откупувач или го продале на пазар. Висината на поддршката по поединечен корисник изнесува 20.000 денари / хектар, а за овие производители на градинарски култури е исплатена поддршка од 85 милиони денари.
Корисници на поддршката за оствареното производство со овошни култури се однесува на корисници кои пријавиле производство на јаболка, слива, праска, вишна, цреша, кајсија, круша, јапонско јаболко, лешник, орев бадем и калинка. По оваа мерка исплатени се над 7240 корисници со вкупна финансиска поддршка од 217.7 милиони денари. Поддршката за пријавено производство со јаболко изнесува 30.000 денари / хектар, за слива и праска изнесува 25.000 денари / хектар, за вишна, цреша, кајсија и круша поддршката изнесува 22.000 денари / хектар додека за јапонско јаболко, лешник, орев, бадем и калинка изнесува 13.000 денари / хектар.
,, Со реализацијата на овие мерки продолжуваме со исплата на финансиската поддршка за растително производство. До крајот на неделата АФПЗРР ќе ја спроведе и исплатата за полјоделските култури, односно за користен сертифициран семенски материјал, освен за оризот каде дополнителната поддршка не е условена со користење на сертифициран семенски материјал. Паралелно, Агенцијата ги подготвува соодветните налози за исплата на субвенциите за тутун за реколта 2023 и тоа по основ на две мерки кои предвидуваат поддршка од 80 денари за прва класа, 70 за втора, 60 за трета како и дополнителна поддршка од 20 денари по килограм предаден тутун” – информира директорот Бачовски.
По реализацијата на најавените исплати, АФПЗРР ќе продолжи со реализација на дополнителните мерки од делот на сточарството за огледувачите на говеда и кози, како и мерките за органско производство, поддршката за подрачја со ограничени можности и дополнителните субвенции за регистрираните земјоделци. .