„Влегувањето на НАТО во конфликтот во Украина може да предизвика Трета светска војна“. Ова денеска го рече претседателот на Европскиот совет – Шарл Мишел.
„Ние правиме се што треба да не го заоструваме конфликтот. Русија е нуклеарна сила и ние сме многу свесни дека ако овој конфликт се претвори во конфликт на НАТО против Русија, тогаш ќе добиеме Трета светска војна“ – изјави Мишел за шпански „Ел Паис“.
Тој додава дека е во постојан контакт со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој според Мишел имал дополнителни барања од ЕУ.
„Точно е дека сакаше повеќе. Но, проширувањето на ЕУ е чувствително прашање за кое сите европски земји не го делат истото мислење“ – рече Мишел.
Според него, ЕУ треба да ги земе предвид и земјите со кои веќе почна пристапниот процес.