Припадниците на косовската полиција од двете смени на граничните премини „Ќафе Пруш“ и „Ќафе Морине“ на границата со Албанија се уапсени утрово во антикорупциската операција на Полицискиот инспекторат на Косово (ИПК). Дел од косовските медиуми јавуваат дека се уапсени 48 полицајци, меѓу кои и лица на повисоки позиции, како и двајца цариници.
Главниот обвинител – Блерим Исуфај ја потврдил информацијата дека има упасени во акцијата без да наведе бројка. Исуфај исто така информира дека акцијата продолжува.
Претходно ИПК соопшти дека утрово спровел обемна операција, на која ѝ претходела речиси едногодишна истрага против полициски службеници осомничени за кривичните дела „земање поткуп“ и „злоупотреба на службената должност“.