Мајката на Мајли Сајрус: Ќе бев подобар родител ако почнев порано да пушам марихуана
Мајката на Мајли Сајрус недвосмислено изјави дека мисли дека би била „подобар родител“ доколку почнала да пуши трева кога нејзините деца биле многу мали.
Во подкастот Sorry We’re Stoned, Тиш зборува на тема мајчинство, а покрај неа како гостин се појави и раперот Виз Калифа.
„Не пушев трева кога моите деца беа мали. Тоа се смени по мојот 46-ти роденден, но мислам дека ќе бев подобар родител ако почнев порано“, сподели Тиш.
„Ќе ми беше позабавно самата, особено додека им помагав во нивните училишни проекти“, додаде таа.
Нејзината постара ќерка Бренди, која исто така учествувала, коментирала дека мисли дека нејзината мајка би била „многу потолерантна“.
Матриjархот на семејството, исто така, објасни дека таа обично пуши неколку џоинти во текот на денот.
„Донесувањето одлуки е многу полесно сега“, сподели таа.
„Во никој случај не велам дека тревата е за секого, никако. Но, за мене лично, тоа е најдоброто нешто во мојот живот“.
Тиш е поранешна сопруга на кантри музичарот Били Реј.