Од украинското Јавно обвинителство соопштија дека во воените дејствија на руската армија во земјата досега се убиени 90 деца. Од почетокот на руската агресија во Украина се убиени 90, а ранети повеќе од сто деца, велат од таму.
Најмногу од жртвите по региони има во Киев, следува регионот Харков, потоа во регионот Доњецк, Чернигив, Суми, Херсон, Миколаев и Житомир.
Во текот на вчерашниот ден се убиени две деца, а две ранети при ракетирање цивилни објекти во регионот Миколаев.
Во бомбардирањата и гранатирањата се оштетени 379 образовни установи, 159 од нив се целосно уништени.
Досега од Украина избегаа речиси 2.7 милиони луѓе, јавуваат странски медиуми.
Само во последните 24 часа, земјата ја напуштија 100.000 лица, проценија Обединетите нации.
Најголем дел од бегалците, заминаа во Полска.