Под земја експлодирала бомбата закачена за беспилотното летало, што на 10. март се урна во Загреб. Синоќа ХРТ објави дека таа била со тежина од 120 килограми.
ХРТ цитирајќи висок извор од хрватското Министерството за одбрана наведе дека леталото од советско производство удрило во мека почва и затоа експлозијата се случила под земја, додека би имало катастрофални последици ако паднел на асфалт или бетон.
Хрватскиот министер за одбрана – Марио Баножиќ потврди дека во кратерот се пронајдени траги од експлозив и делови од авиобомба, што укажува дека урнатото летало не било во извидувачка мисија.