Во најновото издание на Трилинг гостуваше министерката за одбрана – Славјанка Петровска.
За набавката на хеликоптерите, таа вели, во МО не е пристигнато барање од ДКСК со кое бараат материјали по таа претставка.
На прашaњето дали знае кој ќе биде следниот на „црната листа“, таа одговара негативно, но и не би открила, и да знае.
Ја разјаснува и дилемата колку пратеници ќе освои СДСМ на претстојните избори и дали ќе може да формира Влада.
Адвокатот и поранешен член на „реформаторите“ во ВМРО-ДПМНЕ, Александар Михајловски одговара на прашањето како го квалификува правно упадот во Собранието.
– Поминати се 7 години од тој настан. Време е или да се донесе Закон за амнестија или да се помилуваат лицата – вели тој.
За ВМРО-ДПМНЕ вели имаат квалитетна програма и луѓе, а ќе настапат обединети како никогаш досега. Очекува убедлива победа.
Се отвора и темата дали професијата фотограф е во изумирање. Гостин во емисијата е Томислав Георгиев, добитник на наградата „Никола Младенов“.
Погледнете го најновото издание на Трилинг: