Тренчевска: Најголем дел од пензионерите се задоволни со новата методологија која нуди постојан раст на пензиите и дава одлични резултати

„Кога ги креиравме политиките за мпензионерите ги креиравме во соработка со Сојузот на здруженија на пензионери и сите за сите овие протести времето наназад велев дека се изолирани и политички потикнати и не беа масовни протести, туку беа протести на кои излегуваа пред се органите на ВМРО-ДПМНЕ. И најголем дел од нив беа со високи пензии и имаше и изјави со име и презиме на Иницијативниот одбор, каде што еден од луѓето зема пензија можеби и над 50.000 денари. Но, најголем дел од пензионерите се задоволни со новата методологија која нуди постојан раст на пензиите и дава одлични резултати,“ рече Јованка Тренчевска, дополнителна заменик министерка за труд и социјална политика и носителка на листа на ИЕ 4 на СДСМ, во Дневникот на ТВ Сител во врска со моменталната состојба на пензиите и нивниот раст.

Таа посочи дека, затоа е оваа методологија, затоа што пензионерите со ниски пензии пред 6 години примале по 6.000 денари пензија.

„Методологијата дава резултат, 30% е покачена пензијата само за 2 години, од март 2020 година до март 2024 година имаме 30% покачување на пензијата. Оваа методологија дава видливи резулатати на краток рок, но тие се чувствуваат многу повеќе на среден и долг рок. Затоа велиме дека методологијата е добро решение затоа што усогласувањето 2 пати и кога ќе нема инфлација, сега инфлацијата е стабилизирана од 3%. И кога ќе нема инфлација просечната плата постојано расте, во моментов просечната плата е 40.000 денари, без 2 денари,“рече Тренчевска.