Научниците ја открија најстарата мртва галаксија

Научниците открија галаксија која престанала да формира нови ѕвезди пред повеќе од 13 милијарди години, што ја прави најстарата „мртва“ галаксија некогаш видена.

Откритието на вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ може да го промени нашето знаење за раниот универзум, објави „Анса“.

Истражувањето го спроведе меѓународен тим предводен од Тобијас Лусер, од Институтот Кавли на Универзитетот во Кембриџ.