Нуклеарката во Чернобил повторно е вклучена на национална мрежа
Херман Халушенко – украинскиот министер за енергетика денеска изјави дека нуклеарната централа Чернобил повторно е приклучена на националната електрична мрежа.
Пред 4 дена руските сили ја исклучија Чернобил од националната електрична мрежа.
Претходно, руското Министерство за одбрана соопшти дека му дозволило на украинскиот тим пристап до оштетените далноводи во областа околу нуклеарната централа Чернобил.
Нуклеарната централа во Чернобил не е активна, но во неа се вработени околу 200 луѓе.
Според експертите, опасноста од таа нуклеарна централа по јавното здравје е помала бидејќи не е активна.