Родри не знае за пораз точно една година
На денешен ден пред точно една година, Родри, шпанскиот член на Манчестер Сити го забележа последниот пораз на еден фудбалски меч, а тоа се случи на натпреварот кој Шпанија го загуби од Шкотска со резултат 2:0.
Од 28-ми март 2023-та година, Родри играше во седум натпреварувања како член на Манчестер Сити и шпанската репрезентација и не забележа ниту еден пораз, а во тоа време ги освои титулите во Премиер лигата, Лигата на шампионите, ФА Купот, Суперкупот и УЕФА Лигата на нации.
Во страшната низа која достигна 63 натпревари вреди да се напомене дека Родри еднаш почувствува горчина на пораз во Комјунити Шилд финалето против Арсенал, но бидејќи тој меч беше решен на пенали, службено се води како реми бидејќи немаше победник по 120 минути.
Родри по побдата над Манчестер Јунајтед од 3:1 стана играчот најдолга серија како непоразен во историјата на фудбалот, надминувајќи го Рикардо Карвалјо од Челси кој беше непоразен од ноември 2006 до февруари 2008 година, на 58 натпревари.