Корнелија Нинова – вицепремиерката и министерка за економија на Бугарија коментира дека се создава вештачка тензија и дека нема недостиг од стоки, но поради вештачка тензија има побарувачка и цените растат.
Според Нинова, има многу драстични случаи на шпекулации откриени при контроли во продавниците, и посочи трипати повисоки цени по кои трговците продаваат во однос на оние по кои ја купиле стоката.
На пример, нафтата има производна цена од околу 3 лева (1,50 евра), а во продавниците достигнува 6 лева (3 евра).
Бугарските власти, според неа, ќе преземат драконски мерки за ограничување на извозот и цените, што некои земји веќе ги преземаат во Европа.
Нинова рече дека ова е предупредување за трговците кои сакаат да се збогатат за неколку дена на грбот на бугарските потрошувачи.
Според Нинова, луѓето се крајно загрижени за цените и осиромашувањето, а според неа ова треба да биде водечката политика на бугарската Влада – како граѓаните на земјата со помали загуби да ја поминат оваа криза.