Млад човек (19) е уапсен синоќа во градот Валдшут, Германија, под сомнение дека ги убил родителите и братот.
Медиумите јавуваат дека тој синоќа ги нападнал и избодел родителите (58 и 61 година) и братот (34 години).
– Таткото, мајката и братот починале на лице место во стан во зграда во областа Валдшут – пишува „Билд“.
Во нападот тешко е повредена и неговата сестра. Таа со хеликоптер била пренесена во болница и нејзиниот живот не е во опасност.
Осомничениот е уапсен на лице место, а медиумите јавуваат дека ова семејство има италијанско потекло.