4 години членство во НАТО – оваа силна Алијанса на демократски земји со заеднички вредности и високи стандарди ни дава политичка и воена стабилност, отвора врати за инвестиции и развој, затоа што стабилноста и мирот се претпоставки за економски развој.
Нека членството во НАТО не биде само привилегија, туку и предизвик за нас да продолжиме да го заштитуваме и засилуваме нашиот суверенитет, и да учествуваме во обликувањето на мировната и безбедносната архитектура во светот, напиша на социјалните мрежи Оливер Спасовски.