Русија започнала директни испораки на нафта на Северна Кореја и покрај санкциите на ОН против Пјонгјанг наметнати во 2017 година како одговор на развојот на нуклеарно оружје, соопшти денеска весникот Фајненшл тајмс.
Според изданието, испораките на нафта започнале на 7 март и тоа се првите документирани потврди за прекршување на санкциите на ОН.
Од сателитски снимки се гледа дека од руското пристаниште „Восточни“ на Далечниот Исток во март дошле најмалку пет севернокорејски танкери со нафтени деривати. Потоа два брода заминале кон севернокорејското пристаниште Чхонџин каде изгледа се истовариле, наведува весникот.
Лани во август Северна Кореа започна да ја снабдува Русија со оружје што Москва го користи во војната во Украина. Ова пристанише се користело како тместо за утовар и истовар за руските бродови што учествувале во испораките на оружје.
Некои набљудувачи сметаат дека на ваков начин се исполнуваат договори на чиста „оружја за нафта“ трампа, со што дрско и отворено се нарушуваат санкциите што во 2017 година ги потпиша и самиот Владимир Путин.