Евростат: Луксембург на чело на ЕУ во однос на БДП по глава на жител, Бугарија последна

Во 2023 година, Луксембург и Ирска сè уште беа на чело на ЕУ во однос на бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител, изразен со стандардот на куповната моќ, додека Бугарија е на последно место, а Грција и Латвија се малку подобри, покажаа новите проценки на Евростат.

Канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика во прелиминарните проценки посочи дека БДП на Луксембург по жител, изразен во однос на куповната моќ, бил за околу 140 отсто поголем од просекот на ЕУ минатата година.

Ирска имаше ниво од 112 отсто над просекот на ЕУ, што е далеку пред Холандија (30 отсто), Данска (28) и Австрија (23).