Кристијано Роналдо е најдобар стрелец во историјата на фудбалот
Со вчерашниот хет-трик за Манчестер Јунајтед против Тотенхем (3-2) во Премиерлигата, португалскиот фудбалски напаѓач Кристијано Роналдо стана фудбалер со најмногу постигнати голови во кариерата во фудбалската историја.
Роналдо вчера ги постигна 805., 806. и 807. гол во кариерата на клупско и репрезентативно ниво, со што го надмина досегашниот рекордер, австриско–чешкиот напаѓач Јозеф Бичан, кој во текот на својата кариера од 1931 до 1957 година, постигнал 805 голови.
Роналдо досега постигна 136 голови за Манчестер Јунајтед, 115 во дресот на Португалија, 450 за Реал Мадрид, 101 за Јувентус и 5 голови за својот матичен клуб – Спортинг Лисабон.