Основа на Програмата на ВМРО-ДПМНЕ е економска трансформација на Македонија. Тоа е така затоа што има инфлација од 19 проценти и 1 процент раст на БДП, тоа не е домаќинска економија. Не можеме да зборуваме за стабилна економија ако инфлација стигнува и до 50 проценти, значи многу повеќе од европската зона и сето ова е поврзано со корупцијата, криминалот кај нас, рече Иванка Василевска, пратеник во Собранието од ВМРО – ДПМНЕ на вечерашното гостување на телевизија Телма во емисијата Топ тема.
Според Василевска, ВМРО-ДПМНЕ, меѓу другото ќе стави акцент на демографијата.
„Луѓето не веруваат во системот, не веруваат дека ќе имаат квалитетно здравство, не веруваат во судството, за се треба познати и да се извади обичен документ. Системот не функционира и главно затоа си заминуваат. Реалната политика која ја нудиме е покрај економска стабилност ќе создадеме алатка луѓето да имаат волја да останат дома, во државава, а не да си одат“, кажа Василевска.