Франција вечерва ја подигна безбедноста на највисоко ниво, по терористичкиот напад во Москва, на предлог на претседателот на Републиката, Емануел Макрон, соопшти премиерот на таа земја Габриел Атал.
„Со оглед на тоа што Исламската држава ја презеде одговорноста (за нападот во Москва), како и поради заканите за нашата земја, решивме да ја подигнеме безбедноста на највисоко ниво“, изјави Атал на платформата Икс (Твитер).