Чудесен пијалок од три состојки: Помага за отстранување на салото од стомакот
Чиа семето е познато како одличен антиоксиданс и е полно со влакна, кои се одлични за подобро варење.
Лимонот го детоксицира телото, благотворно делува на кожата, ја поттикнува работата на мозокот и дигестивниот систем, помага во губење на вишокот килограми.
Медот е добар за многу работи, меѓу другото, го зголемува протокот на крв и го забрзува метаболизмот.
Комбинацијата на овие три здрави состојки помага во подобро варење, детоксикација на телото и слабеење. Комбинирајте ги во точен сооднос и ќе добиете напиток кој може да ви помогне да се ослободите од вишокот од стомакоt.
Состојки
* чаша и пол вода (2,5 dl чаша)
* лажица мед
* сок од еден лимон
* лажица чиа семе
Подготовка
Семето чиа ставете го во вода и оставете го да отстои еден час да набабри. Ако немате време да чекате наутро, навечер ставете ги во вода, а наутро додадете ги останатите состојки.
Додадете сок од лимон и мед и добро измешајте. Доколку сакате пијалокот да има мазна текстура, ставете го во блендер. Пијте го секое утро на празен стомак.