Четири лица загинаа денеска, меѓу кои и едно девојче, а најмалку 30 се повредени кога автомобил излетал од патот и удрил во група гледачи на автомобилски собир во северозападна Унгарија, а сега на социјалните мрежи се појави ново видео од страшната несреќа.
На првото видео кое се појави може да се види како возилото се лизга и удира во група гледачи, додека на новото видео се гледа точниот момент на ударот, бидејќи видеото е снимено од далечина.
Имено, возачот губи контрола, автомобилот се излизга, зад него се појавува облак прашина, а потоа се гледа смртоносниот удар.
За потсетување, несреќата се случила за време на автомобилска трка меѓу градовите Лабатлан и Бајо кај Дунав, соопшти полицијата, пренесе унгарскиот портал 24.hu.