📷ШТО СЕ СЛУЧИ СО НИНА БАДРИЌ? „Имав желба за драстична промена“
Нина Бадриќ иако е во зрели години, според мислењето на многумина, никогаш не изгледала подобро.
Неодамна на настап се појави во проѕирен комбинезон, а обожавателите на социјалните мрежи ја споредија со глобално популарната Џенифер Лопез.
Таа изненади многумина кога целосно ја скрати својата долга бујна коса.
Нина сега во „Премиер викенд специјал“ откри како дошло до големата промена и која е причината за нејзината промена.
– Сега имам најмногу самодоверба, која никогаш порано не сум ја имала. Кога животот ќе ти удри шлаканица и имаш многу рани, сфаќаш дека се е безвредно. Некои други животни вредности стануваат важни. Самодовербата доаѓа со годините… Кога си млад ништо не ти одговара, а подоцна сфаќаш дека се било прекрасно – вели Нина.
– Во мене имаше желба за драстична промена. Кратката коса беше мој заштитен знак на почетокот на кариерата, па сакав да ја вратам. Еве, враќање на корените – порача пејачката со насмевка.