Четири лица се тешко повредени, а три полесно во пожар во ноќен клуб во Карловац, Хрватска, а пожарот настанал затоа што келнерката, како што се наведува, непрофесионално ракувала со алкохолни пијалоци.
Полицијата соопшти дека утринава околу 2 часот и 30 минути добила пријава дека во угостителски објект во градскиот кварт Шварча во Карловац се повредени неколку лица.
Увид на лице место покажа дека четири лица се тешко повредени, а три полесно поради изгореници предизвикани од нестручно ракување со алкохолни пијалоци од страна на 23-годишен работник во ресторан заради запалување на шанкот, при што настанала ненадејна изгореница и повреди на луѓето зад шанкот, пренесува Индекс.
Како што јави „Јутарњи“, келнерката го „запалила“ шанкот со пијалок што содржи 80 отсто алкохол и се користи во коктели.
Според првите информации, се запалило шише во кое имало пијалок, а пожарот од локалот зафатил неколку луѓе, како што може да се види и на видеото кое кружи на социјалните мрежи.