Јавноста не се смирува: Вилијам и Кејт повторно во центарот на вниманието, палатата излезе со ново соопштение
Хаосот околу Кејт Мидлтон продолжува. Светската јавност сè уште дебатира за говорот на Кејт Мидлтон.
По шокантното обраќање на Кејт Мидлтон до нацијата и светот, се крена општа врева. Откако се дозна дека принцезата од Велс боледува од тешка болест, луѓето не престануваат да и испраќаат пораки за поддршка.
Сега Палатата издаде ново соопштение во име на Кејт и принцот Вилијам.
– Принцот и принцезата беа исклучително трогнати од прекрасните пораки од луѓето овде во Велика Британија, низ Комонвелтот и ширум светот, кои дојдоа како одговор на пораката на Нејзиното кралско височество. „Тие се неверојатно трогнати од топлината и поддршката на јавноста и се благодарни за вашето разбирање за нивното барање за приватност во овој момент“, се вели во новото соопштение од Кенсингтонската палата.
Да потсетиме, блиска пријателка на принцезата од Велс им откри на медиумите дека Кејт сама и многу брзо го напишала целиот свој говор за борбата против ракот во обид да ги смири натамошните озборувања и шпекулации за нејзината здравствена состојба.