Според ажурираните податоци на руското Министерство за вонредни ситуации за Московската област, бројот на повредени во терористичкиот напад што се случи во концертната сала „Крокус“ во близина на Москва е зголемен на 152, од кои 114 се хоспитализирани, соопштено е денеска на веб-страницата на министерството.
„Во терористичкиот напад загинаа 133 лица, меѓу кои три деца, а 114 лица, од кои 4 деца, се префрлени во медицински установи и се хоспитализирани“, се вели во соопштението на руското Министерство за вонредни ситуации за Московската област, пренесува ТАСС.
Екипите на Министерството за вонредни состојби продолжија со расчистување на теренот околу локацијата на терористичкиот напад, а во текот на ноќта беше ангажирана и тешка механизација.