Гордана Силјановска Давкова, претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ најостро го осуди терористичкиот напад во Москва. Во објавата на Фејсбук Силјановска – Давкова изразува сочувство до целиот руски народ за загубените животи.
-Најостро го осудувам терористичкиот напад во Москва!Недвосмислено го осудувам нападот насочен кон луѓе кои настрадаа затоа што беа присутни на концерт во Москва. Ништо не може да ги оправда ваквите грозоморни злосторства. Моето најдлабоко сочувство до жртвите и нивните семејства. Му изразувам искрено сочувство на целиот руски народ за загубените животи и за повредените во вчерашниот напад. Ги повикувам граѓаните на Македонија во Москва на внимателност. Ја повикувам меѓународната заедница на заедничка осуда и акција против тероризмот како едно од најголемите зла на денешнината, пишува нејзината објава на Фејсбук.