Поранешниот премиер на Федерацијата Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ, синоќа се пријавил во државниот затвор на издржување на казната, потврдено е за Н1.
„Ова е порака до оние кои мислат дека ги држат конците во свои раце“, изјавил адвокатот на Новалиќ – Елмир Јахиќ за N1 како коментар на вчерашната најава дека Новалиќ денеска ќе оди во затвор, по молитвата.
За потсетување, тој беше осуден за злоупотреба на положбата и овластувањата при набавка на сто респиратори од Кина вредни 5,4 милиони евра по прогласувањето на вонредна состојба поради пандемијата на корона вирусот во 2020 година.
Пред него минатата недела во затвор пристигнаа поранешниот директор на Федералната управа за цивилна заштита Фахрудин Солак, како и сопственикот на фирмата „Сребрена малана“ Фикрет Хоџиќ, кои во истата беа осудени на шест и пет години затвор.