Претседателот на Франција веќе неколку дена е во центарот на светското внимание поради неговата изјава дека во одреден момент може да дојде до точка дека ќе мора да испрати војници во Украина.
Секој претседател околу себе има тим од луѓе кои се задолжени за медиумите и го негуваат неговиот имиџ на социјалните мрежи.
Тимот од луѓе собрани околу францускиот претседател Емануел Макрон очигледно мислеше дека е вистинско време за поинаков тип на објава на Инстаграм.
Или можеби самиот претседател дошол на идеја да закачи слика од тренинг.
View this post on Instagram
Овој пост натера многу луѓе да размислуваат за вербалната војна што Франција ја води со Русија со денови, поради изјавата на Макрон дека би било добро Европа да испрати копнени сили во Украина.
Многумина веруваат дека ваквата објава е симболичен начин на кој Макрон сака да испрати важна порака.
Некои корисници напишаа дека Макрон се подготвува за пресметка со Путин, кој исто така често ги покажува своите атлетски способности на фотографии, пишува Гардијан.