Европската комисија (ЕК) предложи денеска да и се предаде на Украина годишната добивка од замрзнатите руски средства во земјите на Европската унија во износ меѓу 2,5 и 3 милијарди евра.
Според предлогот на Комисијата, 90 отсто од овие средства ќе бидат наменети за купување оружје за Украина, а остатокот за обнова на таа земја, пренесува Ројтерс.
Точниот износ на профит од руските средства ќе зависи од глобалните каматни стапки.