
За 2 април е закажано судењето на претседателскиот кандидат и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски по обвинителен предлог за злоупотреба на службената положба.
Кривичната пријава е поднесена од двајца кумановски бизнисмени, откако во законскиот рок не го потпишал барањето за комуналии за изградба на згради во центарот на Куманово.
Двете фирми пријавиле дека на тој начин градоначалникот на Куманово им предизвикал штета од околу 55.000 евра.
Димитриевки обвини дека против него се води хајка од актуелната власт во предизворниот период. Тој е кандидат за претседател на државата предложен од партијата ЗНАМ.