
„Моето делување како министерка ниту еднаш не се косеше со правата загарантирани со Уставот во нашата држава. Слободата на говор за мене е најважно човеково право и го охрабрувам секој еден граѓанин гласно да говори кога на било каков начин е повредено неговото достоинство“, истакнува таа.
Последните реакции од кабинетот на техничкиот министер, според Тренчевска, се проткаени само со напади, притисоци и видно непознавање на законите.
„Повторувам после секоја увидена неправилност во исплатата на било кое право од социјална заштита се врши теренски увид и доколку се утврди истото правото се прекинува и исплатените средства се враќаат назад!“, додава таа во својата реакција.