Грковска: Груби два пати го опоменавме за кршење на етичкиот кодекс, но немаше промени

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковса одговарајќи на новинарскo прашањe денеска изјави дека кога станува збор за опомените за несовесно користење на службените возила, била забележана промена во однесувањето кај функционерите до кои стигнале опомени за прекршување на Етичкиот кодекс, освен во еден случај.

-Кај тие што се опоменати, освен во еден случај, видлива е промената дека се внимава уште повеќе затоа што во нашиот кабинет после овие опомени се јавуваат функционери за да се консултираат воопшто доколку постапат некако би го прекршиле Етичкиот кодекс. Значи, тие промени се видливи. Сакам да укажам на тоа дека само за еден случај, за случајот на Артан Груби, сме дошле до ситуација после две опомени, поради непостапување според опомените, сме пратиле допис до премиерот кој треба според Етичкиот кодекс да одлучи која е мерката што ќе ја изрече, посочи Грковска.