
Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Жосеп Борел, денеска соопшти дека Европскиот комитет за надворешни работи го одобрил неговиот предлог за помош од пет милијарди евра за Фондот за Украина и дека ЕУ ги исполнува своите ветувања.
„Фондот ќе ја поддржи Украина во набавката на воената опрема неопходна за одбрана на нејзиниот народ и нејзините права да постои, во борбата против руската агресија. Нашите зборови ќе ги преточиме во дело“, рече Борел, додавајќи дека ЕУ ги исполнува своите обврски.
Додаде дека со Фондот продолжуваат да ја поддржуваат Украина „да се брани, колку што е потребно“, стои на веб-страницата на Европската унија.