Економската директорка на Токсикологија не знае македонски јазик и доаѓа на работа со татко ѝ

Новоназначената економската директорка на Клиниката за токсикологија – Бесија Илјази не знае македонски јазик, па кога мора да соработува со колегите, преведувачи ѝ се двете секретарки врботени во оваа клиника, пренесува МКД.мк.

Дополнително, велат тие, таа не ретко на работа доаѓа со својот татко кој постојано е со неа како да е нејзино обезбедување.

„Ја видовме само еднаш кога дојде да се претстави. Тоа што го кажуваше го читаше од ливче на исклучително лош македонски јазик. Неколку пати ја видовме како низ ходниците оди со татко ѝ кој личи како да е нејзино обезбедување“, велат извори од Клиниката.

Од Министерството за здравство велат дека Илјази е назначена за директорка на Клиниката за токсикологија на 14 -ти февруари годинава.

„Бесија Илјази е назначена за организациски директор на Клиниката за токсикологија на 14 февруари оваа година, секоја универзитетска клиника според законот за здравствена заштита треба да има по двајца директори, еден медицински и еден организациски директор. Таа има завршено економски факултет, со претходно работно искуство во струката“, велат од Министерството за здравство.

Од МЗ нема одговор дали стигнале поплаки за нејзината работа и од која работна позиција доаѓа како економски директор на Клиниката за токсикологија. Од јавно достапните информации може да се види дека таа завршила Економски факултет на Тетовскиот универзитет и дека претходно била вработена во одделението за финансии во општина Тетово, но и во кабинетот на заменик министерот за култура Седат Сулејмани.