Синдикалните организации на Македонска Пошта денеска преку двочасовен протест ја повикаа Владата за обезбедување финансиски средства за редовна исплата на плата. Тие бараат и преземање на итни мерки за реформирање и реорганизирање на компанијата.
Додаваат дека доколку не се исполнат барањата на вработените, протестот ќе продолжи понатаму, а ќе отпочнат и постапка за организација на штрајк.
„Повеќе пати разговаравме со новиот директор, но не добивме конкретен одговор кога ќе има исплата на плата. Сведоци сме дека денеска нема плата за работниците, а законскиот рок е до 15-ти во месецот. Моментално се 1800 вработени и околу 200 поштари на договор. Исто така бараме и да се реши статусот на поштарите кои работат за минимална плата и без здравствено осигурување“, вели претседателот на Синдикатот на Македонска пошта, Боро Велигденов.